Skip to content

Бобан Мирковски

  • Дома
  • Биографија
  • Видео
  • Албуми
  • Настани
  • Контакт
  • Јазик: Македонски
    • Македонски Македонски
    • English English

Gigs

Концерт “Атараксија“ на Охридско лето 2020

август 14, 2020

Ohrid

Gig Details

Time
10:00 am
Tickets
300 MKD – Buy
Subscribe
  • iCal
  • Google

Get Directions

Venue Details

Address
Dolni Saraj
Ilindenska 4, Ohrid Ohrid

Во рамките на фестивалот “Охридско Лето“ 2020, на сцената на Долни Сарај пијанистот Бобан Мирковски ќе настапи како солист со оркестар под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски каде премиерно ќе се изведе делото “Атараксија“ напишана токму од композиторот и диригент Љ. Мирковски.

“Атараксија“ е модерна, поп – симфонија во 4 става напишана за Пијано и симфониски оркестар. Тоа дело на Мирковски е спој на целокупупното негово творештво кое опфаќа музика за оркестар, соло инструменти, од театарски претстави, филмска музика, џинглови, детска и поп музика, како и народна, сериозна и џез музика. “Атараксија“ претставува прекрасен спој на повеќе музички жанрови кои ја покажуваат целата музичка префинетост на композиторот, со лесно прифатлива мелодиска линија и прогресивна хармонија каде на многу вешт начин ги користи сите инструменти. Оваа поп – симфонија покрај различните жанрови, следи и повеќе музички трендови кои се менуваат со текот на годините. Едноставно кажано, “Атараксија“ е 50 минутно музичко парче за уживање лесно прифатлива за сечие уво.

Во рамките на концертот на “Охридско Лето“ 2020 ќе се изведе и маестралното дело од Џорџ Гершвин насловено “Рапсодија во Сино“ за Пијано и оркестар.

Social Media Profiles

  • Menu Item
  • Menu Item
  • Menu Item
  • Menu Item