Биографија

Бобан Мирковски е роден на 18.01.1991 во Скопје. Основното и средното образование го заврши во МБУЦ “Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Даница Стојанова. Дипломира во 2013 година на Факултет за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески. Во 2015 год. ги завршува пост-дипломските студии на ФМУ Скопје во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија).

Мирковски има остварено голем број концерти во Македонија и странство и има освоено голем број домашни и меѓународни натпревари. Како поважни настапи се издвојуваат сите поголеми концерти на МБУЦ “Илија Николовски – Луј“ и на ФМУ Скопје; концерт во Босковице, Чешка Р. (2007 год.); концерт во Сан Даниеле, Р. Италија (2007 год.); настапува како дел од неколку концерти на Симон Трпчески; концертот во Вашингтон, САД (2011 год.) по повод 20 годишнината од независноста на Р. Македонија; остварува голем број солистички концерти низ Р. Македонија; два настапи како солист со Македонска Филхармонија (2011 и 2012 год.); солистички концерт во театарот “Мануел“ во Валета, Малта (2017); солистички концерт на Скопско Лето (2020), солист на концерт “Атараксија“ на Охридско Лето (2020), солист на концерт “Атараксија“ на Скопски градски фестивал (2020), концерт со Весна Гиновска Илкова по повод 30 години независност на Р. С. Македонија во Охрид како пијанист и аранжер (2021), солист на концерт по повод 30 години од смртта на Фреди Меркјури во Скопје (2021), солист на концерт “Џамбазов“ на Охридско лето 2022, концерт во Кавала (Грција) на фестивал “Космополис“ со Танос Ставридис – хармоника и Стела Темпрели – виолончело (Грција), концертна промоција на “Албум” во камерната сала на Филхармонија (2023), концерт во Скопје со Мухамед Ибрахими – гитара (2023), концерт во Битола на фестивал “Музика од светот“ со Танос Ставридис и Стела Темпрели (Грција) итн.

Дел од наградите кои ги има освоено се: 2 први места и 1 Лауреат на Арс Косова, Приштина (2006, 2007 и 2008 год.); 1-ва награда на меѓународен натпревар “Даворин Јенко“ во Белград, Р. Србија; 3-та награда како и награда за највиртуозен учесник на меѓународниот натпревар “Музиката и земјата“ во Софија, Р. Бугарија, Лауреат на меѓународен натпревар “Македониум М“ во Скопје (2007 год.) итн. Исто така, пијанистот Мирковски е добитник на престижната награда на фодацијата “Климентина Рафајловска“ за најдобар музичар матурант.

Во своето образование има посетувано и неколку меѓународни семинари кај еминентни професори од републиката и од странство како што се: проф. Ж. Захариева (Р. Бугарија), Ј. Михајловиќ (Р. Србија), Ф. Турисини (Р. Италија), А. Леимони (Р. Грција), Т. Каишиге (Р. Јапонија), Б. Романов (Р. Македонија) итн.

Во 2021 тој го издаде својот прв соло албум “Facing the sun”, а вториот носач на звук наречен “Албум” е создаден во 2023 година, и двата албуми се издадени од Баги комуникации.

 

Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“ Скопје каде остварува успеси со своите ученици.   Редовно соработува со Баги Биг Бенд како пијанист и аранжер.